Ашковски како Брзи Гонзалез – истрча 70 метри контра за да ѝ даде гол на бивша Стеауа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски кој минатиот месец по шест години пауза се врати во националниот тим постогна нов импресивен гол, сега против ФЦСБ, бивша Стеауа, откако истрча контра како брзи Гонзалез за да погоди за својот Ботошани.

Ашковски пресече една топка на 25 метри пред својот гол, па бидејќи фаворитот тргна комплетно во напад, македонскиот левокрилен фудбалер успеа да ги претрча сите и да погоди во мрежата.

Ова е негов втор гол сезонава, откако неодамна даде махјсторски погодок од 15-на метри откосо погодувајќи во подалечниот агол.