Ангелов на дебито за Широки даде гол: Добро е како за прв меч!

Поранешниот македонски младински репрезентативец Виктор Ангелов имаше денеска неофицијално деби за својот нов клуб Широки бријег и тоа против нисколигашот Кисељак, на кој постигна гол и најави дека ќе биде добро засилување на босанскиот клуб.

Ангелов на крајот на преодниот рок потпиша за Широки, што е негова втора инернационална авантура, откако претходно беше член на унгарски Ујпешт. Тој е бивш фудбалер на Металург, Работнички и Шкупи.

„Задоволен сум, како за прв меч е – добро! Драго ми е за дадениот гол, кој беше плод на една добра акција, се најдов на вистинско место и ефектно погодив. Но, со сиот респект кон противникот, мечот со Кисељак не е вистинско мерило. Мора напорно да работиме сите и потоа сето тоа да го пренесеме во следните мечеви“, вели Ангелов.

Македонскиот фудбалер беше дел од златната генерација која пред две години играше на Евро 2017 во Полска, а потпиша едногодишен договор со Широки, со опција соработката да биде продолжена за уште една година. Поранешен тренер на Широки е бившиот кормилар на Вардар и екс-репрезентативец Гоце Седлоски.