Ако Бјелица си замине од Динамо, со него си оди и Адеми

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, капитенот на загрепски Динамо ќе биде еден од најсигурните фудбалери што ќе си заминат од „Максимир“ ако актуелниот хрватски првак се реши да го избрка и тренерот Ненад Бјелица, откако веќе им удри клоца на сите негови помошници и соработници.

После ерупцијата на хаосот околу неприфаќањето на понудата за кратење на платите, засега жртви од таа „војна“ на управата со првиот тим се прекрши на целиот струшен штаб, ама според најавите Динамо бара начин како да го откачи и Бјелица, па во таква ситуација, „Спортске Новости“ веќе најавија дека со тренерот веќе извесно е дека ќе заминат низа фудбалери меѓу кои и Адеми.

Адеми е долгогодишен капитен на Динамо, а тој застана зад фудбалерите и заедно со Бјелица со писмо го информираа раководството дека не ги прифаќаат условите за намалување на платите, по што следеше хаосот. Динамо им понуди да се откажат од третина од платата до крајот на годинава, една третина да добиваат секој месец, а една третина на одложено плаќање во рок од шест месеци откако ќе го одиграат првиот меч по рестартот на сезоната.

Адеми беше на чекор да си замине од Динамо, но прекуноќ се предомисли и остана во клубот, а стана најплатениот фудбалер во историјата со годишно скоро 700.000 евра. Тоа што е сигурно е дека Динамо сега многу би можел да загуби од Адеми, зашто тешко за верување е дека „модрите“ ќе може да издејствуваат пари колку што сакаат, а уште помалку сумите што се нудеа уште летоска за трансфер (до пет милиони евра), во случај на заминување на капитенот.