Адеми и Ристовски стартери во вечното дерби меѓу Динамо и Хајдук

Вечерва се игра вечното хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит, а македонските фудбалери Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе бидат стартери.

Динамо по пет одиграни кола се наоѓа на првото место со 13 бодови, додека зад нив е Хајдук со 11 бода, па вечерва нè очекува спектакл во Загреб.

Овие екипи и сезонава ќе бидат главни кандидати за трофејот во хрватската лига, а титулата ја брани Динамо.