Словенечки велосипедист имаше страшен пад на глава во Италија (ВИДЕО)

Словенецот Матеј Мохориќ можеше да заработи сериозна повреда по неговиот пад на една трка во Италија.

При голема брзина падна директно на глава, по што бил пренесен во болница, каде што било констатирано дека нема сериозни повреди.

„За среќа, добар сум. Велосипедистот и кацигата ме спасија, имав многу среќа. Ми кажаа дека ништо не е скршено, а не ме боли ниту главата, иако ми кажаа дека имам потрес мозок“, вели Словенецот.