Хорор во живо: Велосипедист падна од мост во провалија длабока – десет метри (ВИДЕО)

Стравични сцени можеа да се видат на денешната етапа од велосипедистичката трка низ Ломбардија, откако белгискиот велосипедист Ремко Евенепел беше тешко повреден по пад од мост директно во провалија.

Тој прво удри во ѕидот на мостот, а потоа паѓаше на длабочина од дури десет метри по што остана да лежи неподвижен. На лекарската екипа ѝ требаше време да дојде до него, но добрата вест е што Евенепел бил во свесна состојба, по што веднаш бил пренесен во болница.

Стравичната снимка можеше да се види и во директниот пренос, а непријатната сцена ги остави и коментаторите без зборови.