Зверев по брза постапка го „реши“ Рубљев
Зверев играше онолку колку што е потребно, во двата сета освои по еден брејк и тоа му беше доволно за триумф. Во првиот го зеде сервисот на противникот во седмиот, а во вториот сет, во деветтиот гем. Интересно е тоа што тие беа единствени две брејк-топки и за Зверев и воопшто на мечот.
Во групата со Зверев и Рубљев се наоѓаат уште Алкараз и Руд. Норвежанецот денеска беше подобар во нивниот меѓусебен дуел со 2-0 и најави дека е подготвен да атакува на место во полуфиналето. Што се однесува до Рубљев, тој ја пропушти првата шанса за победа на турнирот во Торино која би го однела пред Новак Ѓоковиќ на АТП листата. До крајот му остануваат уште две такви прилики, во дуелите со Алкараз и Руд.