„За мене Ѓоковиќ сѐ уште е Супермен – дефинитивно не е од оваа планета!“

Карлос Алкараз дојде до својата четврта грен слем титула, а втора по ред на Вимблдон, откако попладнево го совлада Новак Ѓоковиќ (6-2, 6-2, 7-6) по два и пол часа тенис на Централниот терен во Лондон.

Шпанецот беше подоминантен на овој натпревар, одигра многу подобро, што беше видливо уште од самиот старт на овој натпревар. Првиот сет го доби многу лесно, потоа и вториот, додека во третиот дојде до борба, но тоа не беше доволно за да се совлада расположениот Карлос. Тој и покрај триумфот, со бирани зборови говореше за својот противник на прес-конференцијата по мечот.

„Сè уште мислам дека Супермен, тоа што го направи по операцијата е нешто неверојатно, нешто одлично. Зборував со мојот тим, дека тој дури игра турнир и оди во финале, тој е нешто што не е од оваа планета. За мене тој сè уште е надчовек“, изјави Алкараз.