
Време му е за пензија: Ѓоковиќ сензационално елиминиран на стартот во Индијан Велс!
Поразот е уште посензационален ако се има предвид дека неговиот противник влезе во главната ждрепка како „среќен губитник“, додека Ѓоковиќ првпат од 2018 година испадна од Индијан Велс по само еден меч. Лошиот почеток на мечот беше клучен за Ѓоковиќ, кој во првиот сет направи 14 неизнудени грешки и освои само четири од 20 поени на ритерн. Во вториот сет, српскиот тенисер го подигна нивото на игра, го намали бројот на грешки и направи два брејка, што му донесе израмнување.
Решавачкиот сет, сепак, повторно донесе пад во неговата игра. Ѓоковиќ загуби два сервис-гема и не успеа да најде решение за играта на Холанѓанецот, што доведе до елиминација. Ова е јасен показател за кризата во која се наоѓа 36-годишниот тенисер. Последен пат кога загубил три натпревари по ред, поминале 2.542 дена, односно речиси седум години, поради што се погласни се коментарите на социјалните мрежи дека му е време за пензија.