Вимблдон направи преседан поради Алкараз

Челниците на Вимблдон ја поместија свечената вечера во чест на победниците на турнирот за да му излезат во пресрет на шампионот Карлос Алкараз.

Организаторите знаеја колку му значи финалето на Европското првенство во кое Шпанија играше против Англија и колку сака да го гледа тој натпревар. Поради тоа, вечерата е поместена за 22 часот по локално време (23 по средноевропско) и почна токму кога заврши финалето во Берлин.

Со оглед на тоа што во финалето играше и Англија, забелешки немаа ни домаќините бидејќи можеа во мир да ја гледаат својата репрезентација, па сите беа задоволни од таквата одлука.