Вимблдон ги менува правилата на турнирот поради Рафаел Надал

Рафаел Надал вчера се повлече од полуфиналето на Вимблдон поради повреда на стомачните мускули, па неговиот ривал Ник Кирјос без мака си обезбеди финале на грен слемот. 

Шпанскиот тенисер се повреди за време на четвртфиналната пресметка со Тејлро Фриц, но и покрај големите болки на крајот славеше во пет сета. Сега организаторите на Вимблдон размислуваат да го воведат правилото „лаки лузер“ или среќен губитник за повторно да не се случи да не се одигра меч на турнирот. 

Ако важеше ова правило, Фриц денеска ќе имаше шанса против Кирјос да се бори за пласман во финалето иако испадна во четвртфиналето. Ова правило би било добро од спортски аспект, но и од организациски, бидејќи не би имало откажани натпревари.