Урнебесно: Навивач го провоцираше Ноле, а тој шмекерски му одговори (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ лесно ја мина првата пречка на гренслем-турнирот Ролан Гарос, каде што го совлада Микаел Имер со 6-0, 6-2 и 6-3.

Ѓоковиќ немаше никакви проблеми со противникот, но еден навивач постојано го провоцираше српскиот тенисер.

Ноле имаше вербална расправија со еден навивач во седмиот гем од третиот сет, а откако го доби гемот, Србинот му испрати бакнеж.