Украинка направи скандал на Ролан Гарос

Украинката Марта Костјук направи скандал на Ролан Гарос откако одби да се поздрави со белоруската тенисерка Арина Сабаленка по поразот во првото коло на турнирот, а поради тоа доби свирежи од трибините.

Костјук кажа дека е изненадена поради реакцијата на навивачите, но не жали поради нејзиниот потег.

„Не знам, би сакала да видам како ќе реагираат тие луѓе по 10 години откако ќе заврши војната во Украина. Сигурно нема убаво да се чувствуваат поради тоа“, кажа Костјук.