Трета титула за Франција во Фед купот

Женската тениска репрезентација на Франција, по трети пат во историјата е шампион во Федерејшн купот.

Во клучната битка за трофејот, Французинките во мајсторката во двојки ја совладаа домашната Австралија. Клучната победа беше во игра на двојки, кога Каролин Гарсија и Кристина Младеновиќ ги совладаа Ешли Барти и Саманта Стосур со 6-4, 6-3.

Французинките го освојуваа Фед купот и во 1997 и 2003 година. Тие три пати губеа во двојки во решавачки петти сет, но овојпат го разбија малерот и дојдоа до трофејот.