Тенисот доби нова секс-бомба: Преубава Украинка е наследничка на Шарапова (ФОТО)

Украинката Дајана Јастремска е нова тениска надеж, но исто така важи и за една од најсексапилните тенисерки.

Мнагумина ја нарекуваат наследничката на Марија Шарапова поради многу нешта, а меѓу другото подеднакво добро игра на сите четири подлоги. Сепак, за сега, големо внимание привлекува на социјалните мрежи каде секојдневно објавува провокативни фотографии. Овој пат, таа се пофали со разголени фотографии од својот одмор.

Инаку, пред неколку дена таа го ангажираше поранешниот тренер на Серена Вилијамс, Саша Бајин, кој исто така беше и во стручниот штаб на Наоми Осака, со која имаше одлични резултати. За кус период Јапонката успеа да се искачи на ВТА листата, пред се, најмногу поради неговите залагања.