Тенисер среде меч „украде“ чипс од навивач, па со луди потези го растури ривалот (ВИДЕО)

Казахстанскиот тенисер Александар Бублик (26 години), кој освојувач на три АТП титули и е 25-ти во светот, покажа дел од својата голема харизма во ноќешниот дуел од четвртфиналето на турнирот во Аделаида против Лоренцо Мусети од Италија, кого и го совлада со 6-3, 6-7, 7-5.

Неколку негови потези привлекоа поголемо внимание отколку самиот триумф, пред се фактот дека одигра перфектна партија во која го полуде Италијанецот со три перфектно скратени удари, а потоа и еден твинер (удар низ нозе за потврда на поенот). Бублик најмноги ги насмеа присутните на стадионот кога се обиде да стигне до топка испратена од Мусети, кога во тркот ги прескокна рекламите и отиде во првите редови каде што беа навивачите, каде што, пак, „украде“ чипс од еден од фановите.

Казахстанецот во следниот меч како осми носител на турнирот во Аделаида ќе игра против Џек Дрејпер од Велика Британија.