Тенисер откри како Ѓоковиќ му помогнал: Тој е гениј за такви работи!

Казахстанскиот тенисер, Александар Бублик гостуваше во подкастот „First&Red“ каде што јавно сподели една интересна приказна поврзана со Новак Ѓоковиќ

Репрезентативецот на Казахстан се потсети на моментот кога Ѓоковиќ му помогнал околу жиците н неговиот рекет, но како што вели тоа го направил бидејќи не го сметал за сериозен ривал.

„Играав со природна жица, направена од воловско црево. Тоа е природна жица која реагира на се: Влага, топлина, ладно...Вистински кошмар. Во тие моменти Новак беше тука, човекот е гениј за тие работи, па го прашав, знаев дека можам да го прашам затоа што не сум му закана - „Новак, слупај, што не е во ред со овие жици““, раскажа Булбик.

Ѓоковиќ трпеливо му објаснил што треба да направи и како треба да пристапи на проблемо.

„Веднаш дојде еден играч, не сакам да му го откривам името, но е од калибар на Ѓоковиќ и ме праша што ми кажал Ѓоковиќ. Му кажав, па продолжи: „Што уште? И што?““, открива Булвик.

Додаде Казахстанецот и дека Ѓоковиќ никогаш не би помогнал на тој тенисер затоа што е негов  директен ривал.