
Скандал: Холандски тенисер откри 10 колеги кои местат натпревари!
Холанѓанецот кажа дека дури 10 тенисери на АТП редовно ги местат своите натпревари за да си обезбедат дополнителни приходи.
За начините на местење на натпревари дозна пред две години од својот партнер во двојки, а меѓу четирите тенисери кои местеле биле Холанѓани, но има и од Франција, Шпанија и Белгија.
„Тенисерите мораат да плаќаат сами патувања, сместување, а понекогаш и тренер и сала за тренинг. Тука се отвори темата за местење натпревари. Еден колега ми кажа дека има и друг мобилен телефон, со кој известува други лица за тоа кога ќе загуби сет на одреден меч в замена за неколку илјади евра. Бев шокиран, иако знаев дека постои такво нешто“, открива Холанѓанецот.