Синер со еден загубен сет ја мина третата пречка на Австралија опен

Вториот носител на Австралија опен, италијанскио тенисер Јаник Синер се пласираше во осминафиналето на турнирот откако го победи Американецот Елиот Спицири со 3-1 во сетови.

Синер немаше најдобар старт на мечот, првиот сет го загуби со 4-6, но во продолжението го крена нивото и не дозволи изненадување.

Наредните три сета ги доби со 6-3, 6-4 и 6-4 и дојде до победата.

Синер во осминафиналето ќе игра против својот сонародник Дардери кој со 3-1 го елиминираше Качанов.