Синер нема време за губење - за 83 минути го растури Медведев

Дуелот кој требаше да биде дерби на четвртфиналето од Мастерсот во Шангај заврши многу порано од сите очекувања.

За еден час и 23 минути, првиот светски рекет Јаник Синер го растури Данил Медведев со 2-0 (6-1, 6-4) и обезбеди пласман во следната фаза каде многу веројатно повторно ќе се сретне со Карлос Алкараз. Италијанецот беше особено доминантен во првиот сет кој го доби за само 26 минути игра и притоа загуби само осум поени од кои четири од сопствени грешки.

Медведев заигра нешто подобро во вториот сет, но ни тоа не беше доволно да му ја загрози победата на фантастичниот Синер. Во финишот од мечот, рускиот тенисер имаше и повреда на рамото поради што му беше укажана помош и тоа само дополнително му ја отежна работата.