Дури и Роналдо се поклони пред Надал: Ти честитам на неверојатната кариера!

По многуте тенисери кои испратија различни пораки со кои се збогуваа и му се заблагодарија на Рафае Надал за неговата фантастична кариера, истото го сторија и други спортисти.

Прв меѓу нив беше легендарниот Кристијано Роналдо, кој е пријател на популарниот Рафа од времето кога Португалецот го носеше дресот на Реал Мадрид.

„Рафа, неверојатно е каква неверојатна кариера имаше. Твојата посветеност и неверојатен талент инспирираа милиони ширум светот. Беше чест да бидам сведок на твојата кариера и да можам да те наречам пријател. Честитки на се што оствари“, стои во објавата на Роналдо.

Засега нема реакции од најголемите ривали на Надал изминативе децении – Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.