Синер не е случајно на врвот - го направи тоа што не им успеало ни на Федерер, Ѓоковиќ и Надал
Синоќа, Италијанецот го освои УС Опен откако триумфираше во финалето против Тејлор Фриц и со тоа дојде до вториот Гренд слем трофеј во кариерата. Така, тој стана првиот играч во последните 47 години кому му успеало првите дв титули од Гренд слем турнирите да ги освои во иста година. На почетокот од 2024 триумфираше на Австралија Опен, а сега и во Њујорк. Последен со таков ефект е аргентинскиот тенисер Гиљермо Виљас во 1977.
Тоа значи дека ова не им успеало ни на тројцата најуспешни во историјата на тенисот Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Ѓоковиќ го освои својот прв трофеј во 2008, па на вториот чекаше до 2011, Федерер славеше во 2003, па во 2004, а Надал во 2005, па дури во 2008 година. Се разбира, тоа не му успеа ни на Алкараз кој досега има четири Гренд слем трофеи, но првиот во 2022, а потоа еден во 2023 и два во 2024 година.