Синер ја запре перфектната серија на Ѓоковиќ во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по долго време се врати на турнирот во Шангај и стигна до финалето, каде што беше поразен од Јаник Синер, а тоа всушност е негов прв неуспех во финалето на мастерсот.

Ѓоковиќ досега играше пет финалиња во Шангај, при што славеше во 2012, 2013, 2015 и 2018 година.

Денешното финале беше петто во кариерата на Србинот во Шангај, но овој пат не најде решение за расположениот Синер.