Синер го загуби првиот сет, па со пресврт го реши 173. тенисер во светот

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер се пласира во третото коло на Австралијан опен откако славеше со 3-1 во сетови против Тристан Скулкејт.

Синер го загуби првиот сет против 173. тенисер во светот со 4-6, но тоа го разбуди во продолжение од мечот, па со 6-4, 6-1 и 6-3 се пласира во следното коло.

Италијанецот во третото коло ќе се соочи против американскиот тенисер Маркос Гирон, кој во моментов е на 46. место на АТП-листата.