Шок на Ролан Гарос: Халеп елиминирана од 53-тата тенисерка во светот (ВИДЕО)

Полјачката Ига Свјатек ја совлада првата фаворитка на Ролан Гарос, Симона Халеп со убедливи 6-1 и 6-2 за нешто повеќе од еден час игра. 

За тенисерката која моментално е рангирана на 53-тото место на ВТА-листата ова е прво учество на еден грен слем турнир во четвртфиналето. 

Младата 19-годишна тенисерка игра фантастично во Париз, а тоа го потврдуваат нејзините резултати, бидејќи нема загубено сет. Ривалките буквално ги декласира. Во првото коло ја победи Вондрусова со 6-1 и 6-2, потоа Хскиех со 6-1 и 6-4, Бушар ја совлада со 6-3 и 6-2, а денеска на Халеп и дозволи да освои само три гема.

Најдолго минала на теренот со Бушар во претходната рунда кога играла 73 минути. Таа стана и првата тенисерка од Полска, што успеала да стигне до четвртфиналето уште од Радванска во 2013 година.