Шарапова бара „жртва“ за допишување - го објави ѝ својот број! (ФОТО)

На руската тенисерка Марија Шарапова очигледно и е премногу досадно во самоизочација, па често пати на социјалните мрежи споредлува интересни предлози до своите фанови.

Поточно, Шарапова јавно го објави својот телефонски број на социјалните мрежи и им порача на сите нејзини следбеници „да и испратат порака, да ја прашаат нешто или едноставно да ја поздрават и да и препорачаат некој добар рецепт“.

Сепак, Шарапова посочи дека со ова не само што го троши своето време во моменти на самоизолација, туку дека дошла до идеја да учествува во конференциски повик, каков што беше случајот минатата недела, со 150 обожаватели. Тоа беше маркетиншки трик смислен од нејзините спонзори.

Само што добив 310, истакна Шарапова во еден момент, алудирајќи на американскиот позивен број. Ова веројатно сепак значи дека бројот што го објави не е оној што го користи само за приватни цели.

Инаку, таа на крајот на февруари стави крај на тениската кариера.