Серена се повлече поради болки во грбот: Андрееску го освои Роџерс Купот!

Најтрофејната тенисерка во моментов, Американката Серена Вилијамс, поради повреда на грбот се повлече во финалето на Роџерс Купот во Торонто, предавајќи ја титулата на канадската тинејџерка Бјанка Андрееску.

Вилијамс (37) остана во солзи во очите, откако доживеа грчеви во грбот додека 19-годишната Андрееску ја тешеше на клупата. Американката прво побара пауза во првиот сет, а потоа се повлече.

Се извинувам што не можев да го одиграм мечот, се обидов, изјави 23-кратната грен слем шампионка Серена Вилијамс.

Андрееску, која ја освои својата прва ВТА титула во Индијан Велс на почетокот од оваа година, стана првата Канаѓанка кој ја освои титулата во поединечна конкуренција на Роџерс Купот од 1969 година.