Сензационална елиминација на Медведев, Алкараз има отворен пат кон титулата
Вториот носител на турнирот пропушти дури 11 брејк топки, искористи само една и тука треба да се бараат причините за неговиот пораз. Имаше и осум двојни сервис грешки, но во текот на целиот меч изгледаше деконцентрирано и не успеа да го пронајде вистинскиот ритам.
По елиминацијата на Медведев, Карлос Алкараз кој е прв носител има отворен пат кон трофејот во Ротердам и покрај тоа што во конкуренција остануваат Руне, Де Минор, Циципас, Рубљев и Хуркач. Шпанецот денеска ќе игра против 317. на АТП листата, Андреа Вавасори од Италија.