
„Сакам да бидам тенисерот кого сите на планетата ќе го мразат!“
Тој сега не игра ниту приближно како тогаш, но формата му е во нагорна линија и очекувањата ми се високи, особено што годинава нема да игра Рафаел Надал, кој важи за крал на земјените подлоги. Гркот истовремено ја откри крајната цел во кариерата на подолгорочни патеки.
„Сакам еден ден да станам тенисерот кого сите на планетата ќе го мразат. Ова го мислам во најпозитивна смисла, бидејќи ќе значи дека ќе треба да почнам да победувам за да ја остварам целта, со оглед што кога станувате победник станувате и непопуларни. Погледнете го примерот со Новак Ѓоковиќ“, изјави Циципас.
Турнирот во Париз привлекува огромно внимание, со оглед што Ѓоковиќ има шанса да дојде до 23. гренслем-трофеј со што би станал најтрофеен во оваа категорија на сите времиња. Србинот почнува како трет фаворит, зад Карлос Алкараз и Данил Медведев.