Руне закажа полуфинале со Зверев во Париз

Данскиот тенисер Холгер Руне се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Париз откако во три сета беше подобар од Алекс Де Минор (6-4, 4-6, 7-5).

Во првиот сет еден брејк и тоа во петтиот сет му беше доволен на Руне да поведе во сетови. Слично сценари гледавме и во вториот сет, Де Минор со еден брејк успеа да изедначи и да го однесе мечот во трет одлучувачки сет.

Руне во третиот сет прв го одзема сервито на ривалот, но веќе во наредниот Австралиецот возврати на ист начин. Потоа гледавме сигурна игра на двајцата тенисери на свој сервис, а прв потклекна Де Минор кога го изгуби сервито во 11. гем.

Во полуфиналето Руне ќе се соочи со Александар Зверев кој денес претходно го елиминираше Циципас.