Руне: Сакам да го победам Ѓоковиќ во финалето на Австралијан опен!

Талентираниот дански тенисер Холгер Руне има амбициозни планови за 2024 година, која сака да ја почне со трофеј на Австралијан опен, и тоа да го освои со победа во финале против Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ има уште една доминантна сезона зад себе, но младите тенисери се закануваат дека ќе му ја запрат одличната форма, а последен кој му испрати таква порака е Руне.

„Во 2024 година сакам да постигнам одлични реузлтати. Сакам да го победам Ѓоковиќ во финалето на Австралијан опен“, кажа Руне.