
Рубљов дисквалификуван затоа што пцуеше судија на руски јазик (ВИДЕО)
До ова дојде во финишот од третиот сет во дуелот со Александар Бублик, при резултат 1-1 во сетови и 6-5 за Рубљов. Причина за дисквалификацијата се навреди изречени на руски јазик откако тенисерот имаше забелешки на една одлука на линискиот судија. Поради тоа му се внесе во лице и почна да му вика, а другиот линиски судија кој знаел руски, сигнализираше дека Рубљов навредува, односно пцуе.
Главниот судија донесе одлука мечот да биде прекинат, а Рубљов дисквалификуван поради што тој ќе ги загуби сите бодови и пари што ги освои на турнирот во Дубаи. Како последица на тоа, тој ќе падне на АТП листата каде досега го држеше петтото место.