Рибакина ја декласира Касаткина и го освои пехарот во Абу Даби

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина денеска славеше со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-4 против Дарија Касаткина во финалето на турнирот во Абу Даби.

Рибакина тргна фуриозно во натпреварот и загуби само еден гем во првиот сет (6-1), додека во вториот Касаткина беше подобра, меѓутоа не успеа да изврши поголем отпор.

Тенисерката од Казахстан освои дополнителни 400 бодови во Абу Даби, па така од понеделник ќе биде на четвртата позиција на ВТА-листата.