Пресврт во најава: Ѓоковиќ ќе игра на УС-опен?

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, рекордер по број на недели на АТП и втор најтрофеен во историјата со 21 гренслем можно е сепак да игра на УС-опен на крајот на месецов, без оглед што не е вакциниран од ковид-19.

САД имаше одлука во која невакцинирани странци не може да влезат во земјата, сега водечкото тело кое управува со здравствените мерки, ЦДЦ најави укинување на ограничувањата поврзани со коронавирусот, а најголемите промени се тоа што и вакцинираните и невакцинираните ќе се третираат еднакво.

ЦДЦ допрва треба официјално да ги ажурира мерките и процедурите за влез во земјата, а мешу промените се тие дека сите изложени на вирусот не одат во карантин, ниту тие што не пројавуваат симптоми, а главното е дека за вакцинираните и невакцинираните ќе важат истите правила и препораки.

Така сега се укажува шанса Ѓоковиќ да игра на „Флашинг Медоуз“, а за негов влез ќе решава организаторот, односно тениската федерација на САД. УС-опен почнува на 29 август и ќе трае до 11 септември.