Потресна исповед на млада тенисерка: Сакав да се фрлам од мост!

Младата австралиска тенисерка Дестани Ајава откри дека сакала да изврши самоубиство на 17 април, односно пред нејзиниот 22. роденден.

Девојката наполни 22 години на 10 мај и призна дека сакала да се самоубие, но успеале тројца мажи да и помогнат.

„Сакав да се фрлам од мост. Тројца мажи ми помогнаа и ме однесоа дома. Не сакав да го дочекам 22. роденден. Понекогаш луѓето на кои ќе налетате во животот може да направат да се чувствувате недостојно да бидете сакани, но на крајот научив дека Бог ќе ни помогне“, напиша тенисерката.