Потресна исповед на Кирјос: Пиев и се дрогирав, а размислував и за самоубиство!

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос даде интервју за австралиските медуми во кое ја отвори душата и зборуваше за проблемите со кои се соочувал на теренот и надвор од него.

Кирјос кажа дека има многу проблеми да се контролира на теренот, а призна дека некогаш едноставно не сака да игра тенис.

„Тешко пронаоѓам баланс. Таков бев од дете. Натпреварите знаат да бидат емотивни за мене. Навистина се трудам и тоа е голема борба“, вели Кирјос.

Во текот на 2019 година имал многу проблеми, па раскажа дека пиел и се дрогирал.

„Си ја повредив раката, постојано се чувствував дека ги изневерувам сите околу себе. Пиев алкохол и се дрогирав, не можев да се контролирам“, открива тенисерот.

Кирјос призна дека во 2020 година размислувал и за самоубиство.

„Размислував за самоубиство, буквално се борев да станам од кревет за да излезам и да играм пред голем број луѓе. Бев осамен, депресивен и негативен“, објаснува контроверзниот тенисер.