Отиде сè во бестрага: Ковид-19 почна и да пензионира спортисти!   

Откако сите спортски натпреварувања се прекинаа поради коронавирусот, дел од спортистите решија да се пензионираат. Сепак, не само поради вирусот, туку и поради повреди. Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро долго се мачи со повреди и сега реши да каже збогум на тенисот.

Дел Потро не кажа конкретно кога ќе се збогува со тенисот, но според неговата изјава може да се разбере дека размислува за такво нешто.

„Како што сите знаете, се мачам со повреди во текот на целата кариера. Последната ја заработив кога бев во топ-5 и кога се обидував да го стигнам Рафаел Надал. Навистина сакам да продолжам да играм, но реалноста е поинаква. Докторите ме охрабрија дека можам да играм на врвно ниво, но станува многу тешко кога не гледам напредок по долго време. Имав многу скокови и падови во текот на кариерата и сегашната ситуација е комплицирана. Сè изгледаше добро по Олимписките игри во Рио, сè до следната повреда на коленото“, кажа Дел Потро, кој очигледно размислува за пензија.

Тенис нема да гледаме најмалку до почетокот на јуни поради пандемијата на Ковид-19, а не е познато ниту дали дотогаш ќе се смири состојбата во светот.