Огромен скандал: Заразен американски тенисер организирал филмско бегство од Русија!

Познатиот американски тенисер Сем Квери направи целосен хаос во Русија. Тој учествуваше на турнир во Санкт Петербург, меѓутоа за време на турнирот дознал дека има ковид-19 и морал да се повлече и следните две недели да ги мине во изолација во хотел со сопругата и бебето.

Американецот не сакал да го прифати тоа, па организирал бегство од Русија. Тој пронашол приватен авион и избегал од Санкт Петербург.

Квери се исплашил кога Русите му соопштиле дека мора да посети доктор и дека постои можност да заврши во болница, па во страв немал друг избор, освен да избега.

Уште не е познато во која земја заминал познатиот тенисер, а се сомнева дека е во некоја европска во која не е потребен негативен тест при влез.

Квери е под истрага на АТП, па се шпекулира дека би можел да добие жестока казна.