Од Ролан Гарос порачаа: Не смееме да ги повториме грешките на „Адрија Тур“

Организаторите на Ролан Гарос ги преземаат сите потребни мерки за учесниците на гренслем-турнирот да бидат максимално заштитени.

Во текот на „Адрија Тур“, кој го организираше Новак Ѓоковиќ, дури четири тенисери се заразија со коронавирусот.

„Можеби некои луѓе таму имаа премногу самодоверба. За среќа, никој не доживеа посериозни последици, но сакаме да го избегнеме тоа и не смееме да ги повториме нивнинте грешки“, порачаа организаторите.

Сепак, организаторите на Ролан Гарос планираат да им дозволат влез на навивачите на трибини, па се очекува да има посета од 20.000 луѓе дневно.

„Гледаме фудбал преку телевизија и тоа е супер, но нешто недостига. Ги следиме сите препораки на надлежните органи и власти за да обезбедиме услови за присуство на публиката“, велат од Франција.

Ролан Гарос е закажан да се одржи од 20 септември до 4 октомври.