Нови детали од скандалот: Швјонтек заборавила да го пријави лекот!?
Швјонтек вчера доби суспензија од еден месец, а тоа предизвика бурни реакции од јавноста затоа што многумина сметаат дека полската тенисерка требало да добие повисока казна.
„Кога на 12 август направи тест за допинг-контрола, требаше да ги напише сите лекови кои ги земала во последните седум дена. Ига напишала 14 лекови, но го заборавила последниот – мелатонин“, пишува порталот.
Токму мелатонинот е причина поради кооја Швјонтек беше позитивна на допинг-листата, но со оглед на тоа дека доби „смешна“ казна најверојатно нема да поднесе ниту жалба.