Не му оди ниту на земја: Ѓоковиќ (пре)многу грешеше, па испадна во Монте Карло!

Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ, неочекувано многу предвреме го заврши настапот на мастерсот во Монте Карло, откако денеска со 1-2 во сетови изненадувачки загуби во четвртфиналниот дуел со Данил Медведев (3-6, 6-4, 2-6).

Популарниот Ноле направи премногу грешки во овој дуел, особено во првиот и третиот сет во кои противникот доминираше. Ѓоковиќ дозволи во решавачкиот сет да се најде во негатива од дури 1-5 со два загубени брејка, по што мечот веќе беше загубен.

Ова е трет турнир од мастерс-серијата во низа на кој Србинот не успеава да дојде ниту до полуфиналето, со што само ја потврдува кризата во која влезе по освојувањето на Австралија опен на стартот од сезоната.