Навивач ѝ побара гола фотографија на Сабаленка, па доби - среден прст! (ФОТО)

Втората најдобра тенисерка во светот, Арина Сабаленка побара од нејзините фанови да ѝ постават прашања кои ќе им ги одговара, а еден од навивачите реши да го злоупотреби тоа и да побара гола фотографија.

Белорусинката реши да му одговори на безобразниот навивач и да го посрамоти пред останатите фанови.

„Дали ова е доволно?“, праша Сабаленка и објави фотографија со среден прст.

Сабаленка во моментов е на втората позиција на ВТА-листата и има 1.405 бодови помалку од првопласираната Ига Швјонтек.