Надал се расплака како мало дете на Ју-Ес Опен (ВИДЕО)

Рафаел Надал самиот призна дека финалето против Данил Медведев на Ју-Ес Опен било едно од најемотивните во неговата кариера. 

По победата, на големиот екран на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк одеа инсерти од неговите 19 грен слем трофеи, а шпанскиот тенисер не можеше да ги задржи солзите. 

 „На некој начин е добро што можам да ги видам сите овие работни низ кои минав. Да сум сè уште тука е навистина нешто специјално за мене“, рече Надал по мечот.