Надал се премисли, нема да игра на Ју-Ес Опен!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од Ју-Ес Опен и објасни дека нема да настапи на турнирот затоа што не се чувствува 100 отсто подготвен за предизвиците.

Еден од најдобрите тенисери во историјата неодамна загуби во второто коло на Олимписките игри од освојувачот на златниот медал Новак Ѓоковиќ и тоа потврди дека не е во најдобра форма.

„Сакам да ве известам дека нема да нстапам на Ју-Ес Опен, место каде што имам неверојатни спомени. Ќе ми недостигаат натпреварите, но мислам дека овој пат не можам да дадам 100 отсто од себе“, кажа Надал.