Надал се измачи, но тргна со победа на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во четири сета го победи Франсиско Серундоло со 3-1, односно 6-3, 6-3, 3-6 и 6-4.

Надал не воодушеви со неговата игра против Аргентинецот, кој во четвртиот сет водеше со 3-1 и беше на добар пат да стигне до 2-2 во сетови, но сепак Шпанецот успеа да го надмудри и да стигне до првата победа.

Шпанецот во второто коло ќе игра со Ричардас Берански, кој го победи Сем Квери со 3-0 во сетови.