Надал го надигра Ајдуковиќ и ќе се бори за трофеј во Шведска

Еден од најдобрите тенисер во историјата, Рафаел Надал оствари триумф од 2-1 во сетови, односно 4-6, 6-3 и 6-4 против Дује Ајдуковиќ и се палсира во финале на турнирот во Бастад, Шведска.

Турнирот во Шведска треба да служи како подготовка на Надал за Олимписките игри во Париз, а Шпанецот досега го покажа својот квалитет и не му дозволи на младиот Хрват да направи изненадување.

Надал во финалето ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Тиаго Агустин Тиранте и Нуно Боргес, кој е закажан за денеска од 15.35 часот.