На само 22 години стана најплатена спортистка во светот!

Јапонската тенисерка Наоми Осака ја презема титулата за најдобро платена спортистка во светот од Американката Серена Вилијамс. „Форбс“ објави дека победничката на Ју-Ес опен од 2018 и Австралијан Опен од 2019 година заработила 37,4 милиони долари од турнити за минатата сезона.

Тоа е рекордна заработка на една спортистка, а досегашна рекордерка беше поранешната руска тенисерка Марија Шарапова, која имаше заработка од 29,7 милиони долари.

Веднаш зад Осака заврши Вилијамс, која имаше заработка од 1,4 милиони долари помалку од Осака, која доби големи спонзори по одличните настапи на крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.