Монфис суспендиран од егзибициски турнир зашто го повредил супервизорот

Искусниот француски тенисер Гаел Монфис е дисквалификуван од турнирот во Осло бидејќи, според официјалните информации, му нанел повреда на супервизорот Стефан Апостолу.

Наводно, Монфис и Апостолу биле во пријателски разговор, но другарски се туркале при што дошло до повреда на супервизорот.

„На организаторот на турнирот му е драго што немало лоша намера од Гаел, но поради повредата која ја доживеало официјалното лице, сметавме дека нема друг излез, освен да го дисквалификуваме тенисрот. Гаел ја прифати дисквалификацијата и тој и супервизорот се разделија во пријателски тон“, пишува во соопштението.

На егзибицискиот турнир во Осло учествуваат уште Каспер Руд, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Беноа Пер, Доминик Тим, Алекс де Минор и Александер Бублик.