Медведев загуби од Гаске на кам-бекот по операцијата

Данил Медведев имаше неуспешно враќање на тениските терени по операцијата од хернија и загуби на својот прв меч и тоа од Ришар Гаске на турнирот во Женева. 

Русинот очигледно беше „зарѓан“ и запиша пораз во два сета со 2-6 и 6-7 во рамки на 2.коло. Светскиот рекет број 2 се надеваше на добар настап на овој турнир од серијата 250 за да влезе во форма пред настапот на Ролан Гарос. 

Медведев имаше пауза од месец и половина поради операцијата, а негов последен настап беше во март на мастерсот во Мајами.