Мареј скрши рекет од нервоза, па го совлада Шаповалов (ФОТО)

Поранешниот најдобар тенисер во светот Енди Мареј по голема борба и со пресврт го совлада Денис Шаповалов од Канада со 4-6, 7-6 и 6-3 во првото коло од турнирот во Дубаи.

Натпреварот меѓу двајцата тенисери траеше два часа и 31 минута, а Мареј често беше нервозен и во еден момент го скрши неговиот рекет.

Мареј во следното коло ќе игра против подобриот од мечот меѓу Гаел Монфис и Иго Амбер.